Од фирма од Битола до невладина од Скопје: кој стои зад „Зимзоленд“
Има или нема „Мега Луна 25“ дозвола за лунапарк во Скопје - Ова прашање се отвори откако инспекторите тврдат дека треба да биде затворен, а сопственикот Панде Димов преку фирмата дека „Зимзоленд“ ги има сите дозволи и дека ќе работи.
На „Зимзоленд“ за кој државните институции тврдат дека има низа пропусти, си продолжуваат настаните. Синоќа настапи и актерот Игор Џамбазов, а се плаќаат и познати личности да го рекламираат лунапаркот и да повикуваат на посетеност.
Фактор ја провери битолската „Мега Луна 25“ - фирмата која стои зад Зимзоленд. Основана е на 28 октомври годинава, од Панде Димов. На 24 ноември пак, сопственикот одлучил да отвори и подружница на фирмата, чија дејност се „забавни и тематски паркови“.
Димов не стои само зад оваа фирма. Лани во ноември, тој заедно со уште четворица други одлучил да ја основа невладината организација која го носи токму името „Зимзоленд“. Ја регистрирале на улицата Мечин Камен во скопски Ѓорче Петров, а невладината организација имала и некаква активност, што се гледа од финансиската работа.
Според бројките кои се објавени, невладината треба да покаже загуба, бидејќи имале приходи од 229 илјади денари, а расходи од 702 илјади денари. Но, пресметките на невладината „Зимзоленд“ покажале дека фирмата нема загуба, односно 0 денари добивка, но и 0 денари загуба.
Целиот текст на Женски магазин тука.