И МИНИМАЛНО ПРЕЧЕКОРУВАЊЕ НА БРЗИНАТА ЌЕ СЕ САНКЦИОНИРА – се менува Законот за сообраќај, еве какви новини се планираат
Возачот кој е под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци не смее да управува со возилото во сообраќајот на пат, ниту да започне да управува со возило. Ќе смета дека е под дејство на опојни дроги или психотропни супстанци, лицето за кое со анализа на крвта или на крвта и урината или со друг метод за мерење ќе се утврди присуство на овие средства во неговиот организам.
Ова се дел од новите одредби кои ќе се внесат во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Група пратеници во Собранието поднесоа измени на законот со кој се уредува безбедноста на патиштата, основните начела и меѓусебните односи на учесници во сообраќајот...
-Високата стапка на сообраќајни незгоди со смртни последици и тешки телесни повреди, ја вбројува Македонија меѓу земјите со неповолна сообраќајна безбедност во Европа. Состојбата е резултат на повеќегодишно кумулирање на системски слабости меѓу кои: правната рамка за спречување на управување моторно возило под дејство на опојни дроги и психотропни супстанци, нефункционалниот систем за проверка на стручната оспособеност на предавачи, возачи-инструктори, контролори и испитувачи во автошколите и испитните центри, како и недоволната имплементација на автоматското утврдување и санкционирање на сообраќајните прекршоци преку технички средства– посочуваат пратениците во предлог измените на законот.
Детали на Фактор тука.