Стоечки аплауз и солзи радосници: Нела Манческа пречекана како вистинска хероина во своето училиште

Добивај вести на Viber

Со силен аплауз, насмевки и искрени овации, учениците и наставниците во основното училиште „Вера Циривири-Трена“ ѝ приредија топло и емотивно добредојде на Нела Манческа, која со својот настап го освои високото 7. место на Детската Евровизија.

Училишниот ходник се претвори во мала свечена сцена – редици од соученици кои ѝ аплаудираа додека таа поминуваше, гордо и скромно, носејќи ја со себе радоста од големиот успех. Овој гест беше силна порака за поддршка, почит и восхит кон трудот и талентот што Нела го вложува со години.


Иако млада по години, Нела веќе има завидно искуство зад себе. Таа досега има настапено на најмалку 20 домашни и меѓународни натпревари, на кои речиси секогаш се враќа со освоени први места, потврдувајќи дека станува збор за исклучителен музички талент.


Настапот на Евровизија беше уште еден доказ дека посветеноста, дисциплината и љубовта кон музиката носат резултати. Пречекот во училиштето покажа дека нејзиниот успех не е само личен, туку и заедничка гордост – на соучениците, наставниците и целата јавност што ја следи нејзината приказна.


Нела Манческа е име за кое допрва ќе се зборува.


РЖМ/ИС  - ФОТО: Принтскрин видео