„Од 91. па навака, иста љубов, иста поддршка, иста среќа кога ќе се видиме “: Двете македонските диви на една слика

Добивај вести на Viber

Македонските музички ѕвезди Каролина Гочева и Тамара Тодевска ги израдуваа фановите со заедничка фотографија објавена на Инстаграм, која веднаш привлече големо внимание на социјалните мрежи.

„Од 91. па навака. Иста љубов, иста поддршка, иста среќа кога ќе се видиме. Те сакам Каролина“, напиша Тамара во описот на објавата, алудирајќи на долгогодишното пријателство и взаемна поддршка што ги поврзува двете пејачки уште од најраните почетоци.

Фотографијата е направена на прес-конференција во организација на градоначалникот на Град Скопје, на која официјално беше најавено дека токму Каролина Гочева и Тамара Тодевска ќе бидат главните музички ѕвезди кои ќе ги забавуваат скопјани на новогодишната ноќ на плоштадот „Македонија“.

Овој настап ќе биде особено значаен, бидејќи за првпат двете македонски диви ќе пеат на организираната новогодишна прослава во главниот град. Се очекува нивното појавување да донесе силна емоција, носталгија и врвна музичка атмосфера, со која Скопје ќе ја дочека Новата година.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм