Скопје влезе во празничната магија: Градоначалникот испозира пред елката со семејството
Со светлина, музика, детска смеа и илјадници насмеани лица, Скопје синоќа повторно го доби својот празничен сјај. Во центарот на градот свечено беше осветлена новогодишната елка и официјално беше отворен Божиќниот маркет, со што симболично започна празничната магија во главниот град.

Настанот привлече масовно присуство на граѓани од сите генерации, а особено најмладите, кои со искрена радост и возбуда ја исполнија атмосферата. Плоштадот пулсираше со позитивна енергија, празнични светилки, културна програма и сцени што долго ќе се паметат.

Градоначалникот Орце Ѓоргиевски, споделувајќи фотографии од настанот на социјалните мрежи, упати благодарност до скопјани за поддршката и заедништвото, нагласувајќи дека по долг период, градот повторно живее со светлина и празнична топлина. Тој истакна дека ваквите настани се чекор напред кон визијата Скопје да се развива како современ европски град, со содржини што носат радост, култура и заеднички дух.

Божиќниот маркет, со своите дрвени куќички, топли пијалаци, светилки и празнични украси, веднаш стана ново место за дружење, прошетки и создавање спомени. Организаторите најавуваат дека оваа вечер ќе остане запишана како почеток на една убава традиција.
Скопје повторно дише со празнична магија – со светлина, насмевки и чувство дека градот им припаѓа на луѓето.


РЖМ/ИС - ФОТО: Град Скопје