Ана Бунтеска зад најемотивниот текст за песна на Дац и Александар: „Ние само истуривме малку златна прашина на твоите стихови од злато“

Добивај вести на Viber

Поетесата Ана Бунтеска стои зад текстот на песната „Еј гиди“, која веќе се издвојува како една од најемотивните и најискрени соработки на музичкото дуо Дац и Александар. Со силна поетска емоција и внимателно одбрани зборови, Бунтеска успеа да создаде текст што длабоко допира, а музиката на дуото му даде дополнителна магија и топлина.

За Ана, „Еј гиди“ има посебно значење и лично место во нејзиното творештво, а предизвикот при пишувањето бил токму во употребата на збор кој дотогаш не го користела. Инспирацијата и поддршката од соработниците, како и интерпретацијата на Дац и Александар, резултираа со песна што ја освојува публиката со својата искреност.

„Оваа песна ми е една од омилените што сум ги напишала. Предизвикот беше да напишам песна со збор кој дотогаш не сум го користела (Александра Танурова Тасевска сполај ти на думата)...а потоа Дац & Александар направија магија (сполај ви за честа)“, напиша Ана на Фејсбук.

По објавувањето на песната, Дац и Александар јавно ѝ се заблагодарија на поетесата за довербата и за силните стихови кои им биле инспирација.

„Ти благодариме, драга Ана. Ние само истуривме малку златна прашина на твоите стихови од злато“.


„Еј гиди“ е уште еден доказ дека кога поезијата и музиката ќе се сретнат на вистински начин, резултатот е дело што останува и се чувствува долго време.


РЖМ - Г.Д.Г