Во шестата деценија, а безвременска: Маргарита Христова и понатаму симбол на убавина
Македонската уметница Маргарита Христова, родена битолчанка, и денес плени со својата природна убавина, елеганција и достоинство, иако е во шестата деценија од животот. За многумина, таа останува препознатлива по топлиот и нежен глас кој обележа детство на бројни генерации, особено преку култната детска емисија „Шарам барам“.

Естрадната уметница, односно пејачката со препознатлива боја на глас, отсекогаш инспирирала – не само со својата музичка дарба, туку и со културата на однесување, стилот и автентичноста. Нејзината интерпретација е нејзин личен „сертификат“, а љубовта кон музиката ја доживува како силна, речиси безумна страст, за која зборува со искрена пасија.

Иако денес не е активно присутна на музичката сцена, Маргарита Христова останува блиска до публиката преку социјалните мрежи, каде што редовно споделува моменти од своите патувања на различни дестинации.

Со својот изглед не сака да експериментира, а уште помалку да прифаќа наметнати и измислени вредности. Отворено се дистанцира од некомпетентност, лицемерие и нечесност, преферирајќи искреност, одговорност и човечност. Ужива во друштво на блиските луѓе – насмеани, позитивни и искрени личности.

На фотографиите кои ги објавува, најчеста придружба ѝ е нејзината сестра Мелина, со која често добива коментари дека личат една на друга. Маргарита Христова и денес останува симбол на природна убавина, внатрешна сила и уметност што не избледува со времето.

Фото: Фејсбук
НЕОДОЛИВА УБАВИНА, МАКЕДОНСКА: МАРГАРИТА ХРИСТОВА