Ленче Карпузовска добитничка на PRO PR Globe Awards за извонредни достигнувања

Добивај вести на Viber

Директорката на одделот за комуникации во ЕВН, Ленче Карпузовска, е добитничка на престижното меѓународно признание PRO PR Globe People Achievement Award, кое се доделува за извонредни професионални достигнувања во областа на комуникациите и односите со јавност.


Наградата ќе ѝ биде врачена на 27 март 2026 година во Подгорица, во рамки на PRO PR Меѓународната конференција, што ќе се одржи во хотелот „Хилтон“. Добитниците ги номинираат поранешни лауреати и водечки светски комуникациски здруженија, меѓу кои PRCA, IPRA, WCFA и Global Alliance.

Овогодинешната конференција доби и CIPR CPD Approval, меѓународно признание за квалитетна програма и континуиран професионален развој, а на лауреатите ќе им бидат врачени уникатни уметнички графики изработени од студенти на Факултетот за ликовни уметности во Цетиње.

Покрај Карпузовска од Македонија, меѓу наградените се и истакнати професионалци од регионот, Европа, Обединетото Кралство и Индија, што уште еднаш ја потврдува меѓународната тежина и углед на ова признание.