Тапшанови модна инспирација за Fashion Group: Семејство кое ја слави слободата – овојпат во елегантно издание

Добивај вести на Viber

Едит и Драган Тапшанови, заедно со нивниот син Марк, се познати како авантуристички пар кој животот го живее надвор од вообичаените рамки. Овој пат, тие се најдоа во поинаква улога – како дел од модна фотосесија во организација на Fashion Group.

Од Fashion Group истакнаа дека нивната енергија, стил и природна самодоверба совршено се вклопиле со естетиката на брендовите што ги претставуваат.

„Нивната неприкосновена енергија, која зрачи со стил, самодоверба и безвременска софистицираност, совршено се вклопи со најстилските парчиња од нашите брендови“, наведуваат од Fashion Group.

Тапшанови, заедно со својот син, се појавуваат во едно поинакво издание – облечени во модели на Fashion Group, како дел од новото празнично издание на дигиталниот магазин на Fashion Group, кое овојпат е посветено на семејството.

„Тапшанови се најдобар пример за тоа како вистински се ужива во моментите поминати заедно. Семејство кое ја слави слободата и животот го живее со полни гради. Ова е приказна за домот, љубовта и авантурите што нè потсетуваат дека животот е тука за да се живее, а не само да се преживее“, порачуваат од Fashion Group.

Едит и Драган во оваа фотосесија ја покажаа и нивната елегантна страна. 

РЖМ
Фото: Инстаграм/ Фејсбук