Моден фокус // Трендови
„Чевлите од дедо“ се најголемиот моден хит во моментов: Дали некогаш би го облекле ова?
И додека некои дами се воодушевени од овој модел, други не би ги носеле за ништо во животот
Модните експерти велат дека овие чевли се попопуларни оваа зима од чизмите.
Мислењата се поделени, некои дами лудуваат по нив, додека други никогаш не би ги носеле.
Тие се класични, ненаметливи силуети изработени од кожа или велур, кои лесно се комбинираат со сè. Оваа година мокасините се носат со сè. Трендсетерите ги комбинираат со фустани, фармерки и здолништа. Најчесто ќе ги видите носени со чипкани чорапи кои дискретно ѕиркаат и додаваат романтичен шмек на секоја облека.
Првично носени за практичност и софистицираност, мокасините сега се основен дел од гардеробата на секоја урбана и модерна жена.
Еве како можете да ги стилизирате:





РЖМ -ФОТО: Инстаграм/Pinterest