Маслинесто зелената се враќа посилна од кога било: комбинации со најжешката боја на сезоната

Добивај вести на Viber

Секоја сезона има своја изненадувачка боја - таа нијанса што се провлекува на модните писти, а потоа преку ноќ станува опсесија.

Оваа есен, таа титула ѝ припаѓа на нијанса што отсекогаш постоела, но сега се враќа најелегантно досега: маслинесто зелена. Тоа е бојата што зрачи со смиреност, зрела елеганција и суптилен луксуз. Доволно неутрална за да оди со сè, но сепак доволно впечатлива за да изгледа како да сте се потрудиле дури и кога не сте. Со години ја поврзувавме со карго панталони, воени јакни и практични сакоа, но оваа сезона маслинесто зелената влегува во сосема нова, софистицирана фаза - тивок луксуз, но на шик начин.

Маслинесто зелената е новата црна боја и најголемите модни играчи го потврдуваат тоа

Брендови како Prada, Fendi и Gucci веќе ја вклучија во своите најлуксузни парчиња: кожни чанти, плетени макси фустани, елегантни палта и совршено скроени комплети. Модната порака е јасна: маслинесто зелената е доволно рафинирана за да ја замени црната, но сепак доволно модерна за да изгледа свежо и актуелно.

Како да ја носите оваа сезона?

Маслинесто зелената боја делува како нова неутрална основа, што значи - оди со речиси сè. Еве ги најмодерните комбинации кои гарантираат ефект на „wow“:

*Со крем, беж и карамел тонови за топла, есенска рамнотежа.

*Со циглено-портокалова за комбинација која изгледа како едиторијал.

*Со богата кафеава нијанса за луксузна, земјена хармонија.

За похрабри модни љубители - со бордо или кобалтно сина, две врвни нијанси на сезоната.

Инспиративни комбинации ве очекуваат во галеријата кои покажуваат зошто маслинесто зелената е апсолутна кралица на есенскиот стил.