Зимата ѝ прилега: Дани со моќен аутфит – модерна и урбана со впечатлив капут и чевли

Добивај вести на Viber

Пејачката Дани Димитровска, која неодамна заплива во брачните води, сега максимално ги користи слободните денови за патувања – и тоа најчесто во Холандија, земјата што ѝ стана втор дом. Причината е особено драга: таму се школува нејзиниот син, а градот Мастрихт стана нејзина омилена дестинација за прошетки, одмор и инспирација.

На социјалните мрежи Дани сподели неколку моменти од најновата зимска прошетка низ украсените улици на Мастрихт, каде што празничната атмосфера само го надополнува нејзиното расположение.

„Долгите прошетки низ холандската калдрма ми е омилена активност… во чекорот со него. До него“, напиша Дани во објавата посветена на времето поминато со синот.

На фотографиите таа изгледа беспрекорно, комбинирајќи удобност и софистицирана естетика – нешто што кај Дани одамна прерасна во препознатлив потпис.

Во првата фотографија, додека шета по празнично украсената калдрма, Дани носи долг капут со артистичка, апстрактна апликација на грбот, што веднаш го привлекува вниманието. Деталот во стил на модерна уметност ѝ дава доза разиграност и индивидуалност. Капутот е во топла, неутрална нијанса која совршено се вклопува со зимската атмосфера на градот.

Во втората фотографија, крупниот кадар уште подобро го истакнува нејзината мека, обемна кафена шапка кој ѝ го рамни лицето и додава ретро-шик момент. Класичната сива дуксерка под капутот придонесува за удобен и природен изглед, а нејзината блага, природно брановидна коса совршено го заокружува впечатокот: едноставна, но елегантна.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм