Јован, херојот од кочанската дискотека кој спаси 20 луѓе ја доживеа најемотивна сцена на концертот на Слаткар: Се симна од бина и го гушна (ВИДЕО)

Добивај вести на Viber

Во саботата скопската дискотека „Станица 26“ беше исполнета до последно место, каде што Слаткар приреди уште еден енергичен и емотивен концерт со кој го заокружи успехот што го постигна заедно со Тони Зен на спектаклот во „Борис Трајковски“.

Од првата до последна песна, публиката без здив ги пееше неговите хитови, создавајќи атмосфера што само ретки концерти ја имаат. Но, вечерта доби уште посилна емоционална димензија кога Слаткар од сцената се симна меѓу публиката за да го поздрави и прегрне херојот од Кочани – Јован, младиот човек кој за време на страшниот пожар во дискотеката „Пулс“ успеа да спаси дури 20 луѓе.


„Во публика го лоцирав херојот од Кочани, Јован Костадинот. Морав да се симнам и да го гушнам“, напиша Слаткар на една од фотографиите објавени по настапот.

Најголемиот емотивен бран се случи додека Слаткар ја изведуваше својата автобиографска песна „Да полетам“. Во истиот момент тој го прегрна Јован, а присутните фанови со телефони го овековечија овој момент кој за многумина ќе остане најсилниот впечаток од вечерта.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм