Преплашени потрошувачи пронајдоа жилети во леб: Уапсена е 33-годишна жена
Купувачите во продавниците на „Волмарт“ во американската држава Мисисипи беа предупредени да бидат внимателни при купување леб, по морничавото откритие.
Полицијата беше повикана да започне истрага, а локалните медиуми се заинтересираа за приказната.
Апел до сите купувачи
Првиот инцидент од серијата беше регистриран на 5 декември, кога еден купувач пронашол жилет во векна леб! Истото беше пријавено три дена подоцна во друга продавница.
Вработените ја прегледале останатата стока на полиците и сфатиле дека некој поставил жилет на неколку места. Веднаш била известена полицијата и започната е истрага.
„Волмарт“ апелираше до клиентите кои купиле леб во изминатите неколку дена во градот Билокси да пријават какви било неправилности, пренесува ABC News.Апсење на жена од Тексас
„Здравјето и безбедноста на нашите клиенти се приоритет. Ги отстранивме и темелно ги проверивме сите потенцијално засегнати производи во продавниците во Билокси. Ја цениме брзата реакција на органите за спроведување на законот и продолжуваме да соработуваме со нив за време на истрагата“, се вели во соопштението.
Некое време подоцна, полицијата соопшти дека ја уапсили Камила Бенсон, 33, од Тексас, која е осомничена за обид за напад.
Истрагата ќе покаже дали таа била одговорна за поставувањето на жилетот и ако е така, зошто го сторила тоа.Фото: Freepik.com
Извор: Telegraf.rs