Чантата која сите ја заборавивме повторно стана хит: Избравме 4 фаворити кои мора да ги имате во плакар
Оваа сезона јасно кажува едно - модата се свртува кон испробаните добри детали. Откако крзнените детали, ракавиците, грејачите за нозе и кожните ракавици се вратија во фокусот, дојде редот на уште еден носталгичен додаток кој ги освојува модните ентузијасти: винтиџ чанти со kiss-lock копче .
Овие чанти со копче „kiss-lock“, препознатливи по нивната метална рамка и препознатливо затворање, повторно доминираат во модните комбинации. Нивниот шарм лежи токму во комбинацијата на антички дизајн и современа елеганција, поради што совршено се вклопуваат во актуелниот тренд на враќање на естетиката од минатите децении.


Познати и како модели на чанти со рамка, овие чанти имаат богата историја. Првично биле создадени како мали торбички за парички, но со текот на времето еволуирале во софистициран моден додаток. Копчето „kiss-lock“, составено од две метални топчиња што се затвораат со нежен пресврт, го добило своето име токму поради тој „бакнеж“ при затворање - детаљ што денес изгледа шармантен како и пред неколку децении.
Еден од брендовите што го направија овој модел иконски е Coach, чиј дизајн од шеесеттите години ги постави темелите за популарноста на чантите со рамка. Денес, бројни луксузни и современи брендови ги реинтерпретираа во своите колекции, давајќи им ново, помодерно лице.

Иако носат силен ретро печат, овие чанти се исклучително прилагодливи. Можат да се носат како елегантен додаток под раката, но и како впечатливо парче што го воздигнува дури и наједноставниот аутфит. Моделите изработени од меки материјали, како што се крзно или четкана кожа, се особено популарни, додека класичните црни верзии остануваат безбеден избор за секојдневни комбинации.


За модерен ретро изглед, стилизирајте ги со панталони во топли, чоколадни тонови, елеци и кожни ракавици. Од друга страна, ако сакате похрабри комбинации, изберете чанти во живи бои и комбинирајте ги со неутрални парчиња за да постигнете ефект на визуелен контраст.
Чантите со рамка одлично се вклопуваат со координирани комплети, фустани или високи чизми, но и во максималистички, еклектични стилови. Токму оваа непредвидливост ги прави омилен додаток на модните инсајдери.

Во време на брзи трендови и кратки модни спомени, винтиџ чантите со kiss-lock нè потсетуваат дека безвременскиот дизајн никогаш не излегува од мода. Тие воспоставуваат совршена рамнотежа помеѓу носталгијата и современиот израз - и затоа се повторно во центарот на вниманието.
РЖМ/ИС - Foto: nastymuni / Instagram