Нова животна лекција од Сузана Турунџиева: „Не трошете енергија на оние што не ве разбираат“

Добивај вести на Viber

Сузана Турунџиева и овојпат преку социјалните мрежи испрати силна и длабока порака која поттикнува на размислување. Позната по своите искрени и животни мисли, пејачката често со неколку реченици успева да допре до емоциите на публиката и да отвори важни прашања за личниот мир, самодовербата и односите со другите.

Во најновата објава, Турунџиева се осврна на потребата постојано да им докажуваме на другите дека сме во право, прашувајќи се дали таквото „задоволство“ навистина носи мир и кому му служи. Таа посочува дека луѓето често трошат огромна енергија и време објаснувајќи се на оние кои немаат капацитет да ги разберат, при што комуникацијата се претвора во бесцелно повторување, убедување и емоционално исцрпување.

Според неа, желбата да бидеме разбрани од секого често произлегува од сопствената несигурност и сомнеж во изборите и одлуките што ги носиме. Наместо внатрешна сигурност, бараме потврда од околината, обидувајќи се да ги вклучиме другите како соучесници во пат кој понекогаш ни самите не ни е целосно јасен.


Со својата порака, Сузана повикува на искрен разговор со самите себе – на разјаснување на сопствените желби, потреби и мотиви. Таа советува да им се дозволи на другите да нè разберат, но и да не нè разберат, бидејќи нивното мислење е небитно доколку ние знаеме дека сме донеле исправна одлука.

Објавата наиде на бројни реакции и поддршка од следбениците, кои во нејзините зборови препознаа вистина, охрабрување и потсетник дека личниот мир започнува од внатре.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук