„Во сабота пеам за тебе“: Сара Јо со емотивна најава - настап во Скопје посветен на Панчо
Српската пејачка Сара Јо најави емотивен настап во Скопје, кој ќе го посвети на својот долгогодишен соработник и близок пријател Панчо од популарното дуо ДНК.
Преку серија Инстаграм приказни, Сара Јо сподели значајни и интимни моменти од нивното пријателство и заедничка соработка, со што го најави настапот што ќе се одржи во познат скопски локал. На едно од видеата на кое е заедно со Панчо, пејачката испрати силна и емотивна порака:
„Во сабота пееме за тебе. Мој незаменлив П. Те сакам. Засекогаш“, напиша Сара Јо.
Покрај видеото, таа сподели и неколку заеднички фотографии кои сведочат за нивната блискост, професионална поврзаност и пријателство кое трае со години. Со ова, Сара Јо јасно стави до знаење дека скопскиот настап за неа има посебно значење и емотивна тежина.

Настапот се очекува да биде исполнет со силни емоции, музика и искрена посвета, а публиката во Скопје ќе има можност да биде дел од вечер која ќе слави пријателство, спомени и музичка поврзаност.
РЖМ - Г.Д.ГФото: Инстаграм