Топла семејна атмосфера кај Миа Костова за Св. Никола: Еве како инфлуенсерката ја прослави куќната слава

Добивај вести на Viber

Македонската водителка и инфлуенсерка Миа Костова годинава празникот Св. Никола, кој го слави како куќна слава, го одбележа во поинаква атмосфера од вообичаеното. По неколку години прослави во кафеанa, Миа овојпат се одлучи за тивка, семејна прослава во својот дом.

Таа преку социјалните мрежи сподели дел од празничната атмосфера и испрати порака до своите следбеници, апелирајќи на внимателност и грижа за здравјето.

„Годинава во кругот на семејството. Внимавајте на вирусот, ако сакате да славите Нова година. Чувајте се“, напиша Миа.

Свечената трпеза беше внимателно подготвена и декорирана, со посна храна, во духот на традицијата, бидејќи Св. Никола е посна слава. Домот на Миа веќе е облечен во новогодишно руво – украсената елка внесува празничен сјај, а каминот кој го има во домот дополнително ја надополнува топлата и интимна семејна атмосфера.

Tрадицијата, семејството и здравјето се на прво место, дури и во празничните денови.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм