Музика што обединува, поддршка што трае: Халкбанк и Калиопи ја заокружија есенската концертна сезона

Добивај вести на Viber

Есенската концертна сезона на Калиопи оваа година помина во препознатлив ритам, убава атмосфера и распродадени сали, а Халкбанк беше таму како главен поддржувач на едно од највлијателните музички имиња во Македонија. Македонската музичка дива уште еднаш покажa дека нејзиниот глас, интерпретацијата и енергијата создаваат моменти што ја обединуваат публиката, без разлика на генерациите.

Како партнер, Халкбанк упати посебна покана до сопственички на мали бизниси и свои клиентки, кои имаа можност да бидат дел од ВИП делот на концертот. Во опуштена атмосфера, жените претприемачки остварија директен контакт со претставници на Банката и разменија искуства и информации поврзани со производите и услугите наменети за поддршка на бизниси водени од жени.

Оваа средба беше дел од пошироката заложба на Халкбанк да биде блиску до жените кои водат сопствен бизнис и активно придонесуваат за економијата. Преку конкретни решенија и континуирана поддршка, Банката создава услови во кои жените имаат поголема сигурност и мотив да ги развиваат своите идеи.

Партнерството со Калиопи, уметница со исклучителна автентичност и емоција, природно се вклопува во вредностите на Банката. Нивната соработка е доказ дека Халкбанк избира да биде присутна таму каде што се создава квалитет, инспирација и искрена врска со луѓето.