За евтина цена, добила сè што ѝ е потребно за совршена празнична атмосфера од Тему: Купила градинарско игло што му пркоси на ветер и дожд

Добивај вести на Viber

Транспарентното иглo, подигнато во дворот, стана топол празничен агол што штити од врнежи и ветер

Сигурно сте ги забележале гужвите во продавниците што продаваат празнични украси, постои голема веројатност дека ќе ви биде тешко да се приближите до касата во таквите продавници пред Божиќ. Во последниве години, расте лудоста за празнични аранжмани и декорации за домот „направи сам“, а во центрите што продаваат украси, понудата на елементи за вакви потфати се зголемува.

Затоа не е изненадувачки што сè повеќе луѓе посегнуваат по алтернативни мерки - како што е купување вакви и слични материјали преку онлајн продавници. Една од нив е 45-годишната Англичанка Џоди Томасон, која пронајде начин да го прошири божиќниот дух надвор од ѕидовите на својот дом. Покрај класичната внатрешна декорација, оваа празнична сезона таа одлучи да го трансформира и дворот пред својот дом, подигајќи мало иглo од проѕирна пластика што изгледа како сцена од сликовница со божиќна тематика - и сето тоа со минимален буџет.

Станува збор за проѕирен, куполен шатор што го поставила на средина од градината, а потоа го украсила, поставувајќи светилки, зеленило, маса и столчиња. Иако изгледа кршливо, нејзиното импровизирано иглo ги издржало сите налети на неодамнешните силни ветрови.

- Иглoto е фантастично, стои веќе неколку недели, пркосејќи им на ветерот и дождот, и се држи цврсто како првиот ден кога го поставивме - вели Џоди, додавајќи дека и самата е изненадена колку добро се држи.

Првично, иглoto, купено за само 32 фунти (36 евра) на Тему, било наменето за сосема поинаква пригода. Но, како што годината се приближувaло кон крајот, на Џоди ѝ дошло идеја да го претвори во оригинално празнично катче:

- Мислев дека ќе биде многу погодно да го украсам со светла и божиќни украси, и така и беше. Кога сонцето сјае, внатре станува навистина топло и пријатно. Совршено е за седење, дури и кога е ладно надвор - изјави Џоди за ирското издание на The Sun.

Таа потрошила дополнителни 38 фунти за декорации, повторно од Тему: купила вештачка божиќна трева, венци и светла. Со тоа, донела мала маса во иглото и поставила светла, а подот го покрила со фолија за кампување за да држи топлина. Аранжманот, вели таа, бил едноставен, но резултатот ги надминал нејзините очекувања.

Сега ги поминува утрата седејќи во своето мало игло со добра книга и шолја топол чај, уживајќи во ретките зимски зраци на сонцето, додека навечер се гушка во ќебе и слуша божиќна музика.

- Го обожавам. Навистина. А моето семејство и пријателите велат дека изгледа неверојатно удобно, дека навистина зрачи со празничен дух - вели Џоди, нагласувајќи колку радост ѝ носи овој нејзин мал проект.

Иако иглото моментално е во божиќна опрема, Џоди открива дека нејзиното пазарување во Тему не е само сезонска епизода. Таа и нејзиниот сопруг редовно нарачуваат сè што им е потребно за домот и градината:

- Оваа онлајн продавница ми овозможува постојано да подобрувам нешто, но по цени што навистина можам да си ги дозволам. Асортиманот е толку голем што можете да најдете речиси сè што сакате. Благодарение на таа трговија, моето градинарско игло стана повеќе од декорација, се претвори во идеално место за зимски одмор - заклучува Џоди, потсетувајќи нè дека празничната магија не мора да биде скапа, доволно е да биде оригинална.

Фото: Инстаграм
Извор: Јutarnji.hr