По многу години исплива вистината: Еве зошто ја „убија“ Дара од Жикина Династија - се откажала од кариерата поради љубов
Фановите на култната серија „Жикина династија“, која и денес се репризира, добро ја паметат сцената од почетокот на еден од филмовите, кога хер Жика, кого го глумеше Љубиша „Гидра“ Бојаниќ, седи на гробиштата и јаде покрај гробот на својата сопруга Дарa, која ја играше актерката Даринка Чалениќ.
Во таа сцена, Жика и се жали на Дарa, но и ја прекорува поради тоа што додека чистела прозорци го одвртела касетофонот.
„Да ти кажам Даро, откако тебе те нема, не сум се наел како човек. Сега гледам колку си ми значела. А беше и брлива, убаво ти велев – не качувај се по прозор, а ти сакаш да свети. И уште си притиснала на копчето: ’оп, жица, жица’. Не си птица да леташ низ прозор... Не можам да ги заборавам твоите сарми. А кога ќе се сетам на гибаницата, ме боли стомакот“, вели тој во емотивниот монолог.

И покрај огромната популарност која ја стекна со улогата на Дарa, Даринка Чалениќ одлучила да ја прекине кариерата и да се пресели во Америка со својот сопруг. Токму затоа и „Дарa“ морала да исчезне од сценариото – па во филмот таа „паднала од прозорец додека чистела“.
„Ми е драго кога ќе слушнам дека ме паметат по ’Жикина династија’. Се зборува дека луѓето ја гледале оваа серија по неколку пати. На снимањето се чувствував како дома, но морав да заминам со мојот сопруг во Америка. Не ми се допадна што ликот на Дарa стана премногу популарен – кога ме гледаа на улица, никој не ми се обраќаше со Даринка, туку сите ми велеа: ’љуби га мајка’. Тоа беше причината зошто го раскинав договорот“, изјавила актерката.
Многумина не можеа да сфатат зошто би се откажала од блескава кариера поради љубов, но Дарa немала дилема. Популарноста станала товар, а љубовта ја чекала преку океанот.
Животот во Кембриџ бил динамичен – вежбала гимнастика, посетувала концерти, театри, читала и патувала. Зимите ги минувале на Флорида. Во Белград се вратила во 2014 година, каде ги поминала последните години со својот сопруг.
Извор / Фото: YouTube/screenshot/Klasik TV/ Kripoteka