Дом како од бајка: Бетика откри дел од својот нов планински рај - Инстаграм полуде по фотографиите!

Добивај вести на Viber

Ресенчанката Бетика, позната на социјалните мрежи под прекарот „Ледената кралица“, повторно го привлече вниманието на јавноста со својата љубов кон природата и животната филозофија што ја следи – да живее во склад со земјата, шумата и планината.

Овој пат таа објави фотографии од својата нова планинска куќарка, изработена целосно од дрво, сместена длабоко во прегратките на природата. Куќичката, мала но впечатлива, претставува симбол на нејзиниот начин на живот: едноставен, мирен и ослободен од брзината на секојдневието.

View this post on Instagram

A post shared by Betika(@_betika_)

Под објавените фотографии, Бетика сподели и емотивна порака која открива како го доживува ова ново поглавје:

„Добредојдовте во мојата малечка дрвена куќичка.

Ти благодарам, животе, што секогаш ме враќаш дома меѓу планината, тишината и корените што ме држат жива.

Благодарам за секој здив, секој знак и секое враќање кон себе.

Тука, во мојот мал дрвен дом, срцето пак ми заигрува.“

За Бетика, планината не е само место за бегство, туку дом што ја прифаќа секогаш кога ќе почувствува потреба да се врати кон себе. Тишината е нејзиниот најголем учител, а едноставноста – нејзината најголема слобода.

Во оваа малечка дрвена куќичка Бетика живее спокоен живот, која вистинската среќа ја наоѓа во малите нешта – дрвен дом, чист воздух и тишина што говори повеќе од зборови.

Бетика и понатаму останува пример за човек што го избрал патот на природноста и автентичноста, а нејзината нова куќарка е само продолжение на таа приказна.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм