Мими Јовановска со нова балада што се чувствува до коска – „Те сакам“ - ВИДЕО

Добивај вести на Viber

„Те сакам, до небо и назад, те сакам како море без крај.. Секој миг со тебе, мој доме, те сакам засекогаш, во секој здив, засекогаш ти, само ти...“

Ова се само дел од стиховите на новата песна „Те сакам“ на пејачката Мими Јовановска. Песна полна со емоции, од која се воздивнува, песна пеку која говори душата, се изразуваат најдлабоките чувства, се љуби, се гушка и се ежи кожата. 


Во месецот, што носи љубов, радост и надеж, Мими денес ја промовира баладата со најубав наслов- „Те сакам“. 

-Со голема радост ја претставувам мојата нова песна, искрена љубовна приказна која ја носам во себе долго време. „Те сакам“ е нумера во која сакав да ја ставам целата топлина, нежност и сила што ја носи љубовта. Тоа чувство што го следи човек од „вчера, денес и засекогаш“, како што пеам и во самата песна. Оваа песна за мене е потсетник дека љубовта не исчезнува ни кога денот е сончев, ни кога небото ќе повлече сивило. Токму затоа „Те сакам“ ја посветувам на сите кои веруваат во чиста, искрена и трајна љубов, вели Мими.


Комплетен автор на песната е Роберт Билбилов, а спотот го првеше Даниел Јовески.

-Роберт Билбилов е автор со кој создадовме композиција што звучи едноставно, а длабоко. Во стиховите се обидов да ја раскажам љубовта онака како што ја чувствувам како светлина што ги бои и најсивите денови, како море без крај, како дом што го носиме во срцето. Со Даниел Јовевски и овојпат работевме со многу доверба и посветеност. За визуелната приказна се погрижија Milena Pupi (style), DL Art (make-up) и Stefan (hair), кои ја носат целата емоција на песната и во мојот изглед. Со нетрпение чекам да ја слушнете и секој да ја почувствува на свој начин, а верувам дека ќе ја почувствувате така како што ја почувствував и јас, длабоко емотивно, рече радосно Мими.



Фото: Антонио Станков