Отец Александар објаснува каков грев навлекуваат луѓе кои одат кај гатачки, бајачки, астролози и веруваат во „бабини деветинки“

Добивај вести на Viber

Во своето најново видео објавено на Инстаграм, отец Александар испрати јасна порака до верниците: посетувањето на магови, гатачи, астролози и верувањето во бабини деветки претставува сериозно отстапување од христијанската вера.

Свештеникот потсетува дека според христијанското учење, Бог го создал човекот со предестинирана животна патека, но и со слободна волја да одлучува за своите постапки.

 Токму затоа, предвидувањето на иднината и обидите некој друг да „погледне во судбината“ не се во согласност со библиските принципи.

 Според него, сите форми на „помош“ од магови, енергетски советници или духовни водичи кои ветуваат подобрување на енергијата, успех или љубов, ја оддалечуваат душата од вистинскиот извор на сила – Бог.

Отецот нагласува дека единствениот пат до духовен мир и решавање на искушенијата е молитвата. 

View this post on Instagram

A post shared by Александар Прашчевић (@svestenik_aleksandar)