Скандалозен развод од првиот, вториот го остави за третиот, а третиот ја претепа: Преглед на сите љубови на Наташа Беквалац

Добивај вести на Viber

Наташа Беквалац е жена што не се плаши да сака, но и да се повлече кога љубовта не е тоа што го заслужува.

 Освен што е една од најпопуларните српски пејачки, таа е и жена со бурна и јавна емотивна историја – три брака, две ќерки и безброј лекции за тоа што значи да бидеш силна.

Првата голема љубов ѝ беше познатиот ватерполист Данило Икодиновиќ. Се венчаа во 2006 година и ја добија ќерката Хана. За јавноста, тие беа слика на совршена брачна двојка, но по неколку години следуваше развод. Наташа остана сама со ќерката и со силна волја продолжи напред.

Фото: Инстаграм 

Вториот брак беше со ракометарот Љубомир Јовановиќ. Бракот траеше само две години и заврши без многу драма, но и без објаснувања. Пејачката тогаш изјави дека научила да си верува на инстинктот и дека повеќе нема да прави компромис со себе.

Тој денеска е во среќен брак со својата нова избраничка, додека Наташа по него имаше уште еден неуспешен обид за брак. 


Третиот брак, со ИТ претприемачот Лука Лазукиќ, беше најтежок. Од оваа врска ја доби својата втора ќерка, Катја, но и го доживеа едно од најтешките животни искуства – физичко насилство во бракот, по што следуваше развод и судски процес. Наташа, како вистинска лавица, не само што го преживеа тоа, туку и стана симбол на женска сила и гласна поддржувачка на жените жртви на семејно насилство. По разводот од Наташа, Лука целосно се повлече од јавниот свет, па денеска за него не можат да се најдат податоци како го води приватниот и семејниот живот. 

Иако зад себе има три брака, Наташа никогаш не се откажала од љубовта. Денес е посветена мајка, самоуверена жена и пример дека вистинската љубов најпрво треба да ја пронајдеш во себе. Таа со гордост вели – јас не сум жртва на љубовта, туку жена што знае кога да замине и кога да остане.