По долги години молк, Емина Јаховиќ ја откри причината за развод

Добивај вести на Viber

По многу години молк меѓу поранешните партнери, како и бројни шпекулации во јавноста, пејачката Емина Јаховиќ конечно реши да проговори и да ги прекине сите нагаѓања.

Емина се разведе од турскиот пејач Мустафа Сандал во 2018 година, по 10 години брак и две деца. Иако јавно изјавија дека остануваат во добри односи, причините за раскинувањето долго време беа нејасни. 

Денес, неколку години подоцна, Емина отворено вели дека разводот ѝ бил тежок, но не се кае.

„Никогаш не се покајав што се разведов, и благодарам на Бог што беше така. На сите жени им советувам добро да размислат, особено кога има деца, затоа што понекогаш луѓето сакаат да се разведат од некои глупави причини“, изјави Емина.

На прашањето дали нејзините причини биле „глупави“, таа искрено одговори:

„Мојот развод не беше поради некоја глупост, но не беше ниту нешто страшно. Никој не изневери никого, едноставно – сè се изгаси. Имав 35 години, и на таа возраст не сакав да останам во брак кој ја нема таа страст, таа сила... Не зборувам само за физичка страст, туку за вложување од двете страни, компатибилност. Кај нас тоа се наруши. Всушност, сè започна да се распаѓа три години пред разводот“, откри пејачката во емисијата „Сцена специјал“.

Извор / Принтскрин Инстаграм