„Не ме интересираше цената на кокаинот, проституцијата ме проголта“: Хрватска пејачка проговори за борбата со зависноста

Добивај вести на Viber

Поранешната хрватска манекенка и пејачка Симона Мијоковиќ во својата книга „Како ја барав љубовта“ ги открива најтешките моменти од младоста.

Таа отворено зборува за животот што го живеела како тинејџерка – опкружена со дрога, ноќен живот и деструктивни избори направени од желба за прифаќање.

„Не ме интересираше колку чини кокаинот – млади мажи ми го нудеа за да се дружат со мене. Без да размислувам, го прифаќав и нив и порокот. Секој грев повлекуваше друг. Мислев дека се забавувам, а всушност тонев“, пишува Симона.

Освен зависноста од дрога, таа признава дека била фатена и во пороците на блудот, боледувала од булимија цели 14 години, и била на работ на целосна духовна пропаст. Но, како што вели, Бог ја пронашол „во понорот на пеколот“ и ја вратил во живот.

Денес, Симона е сосема поинаква личност – посветена на верата, семејството и духовниот мир. На социјалните мрежи често сведочи за нејзината трансформација, благодарна што успеала да се извлече од темнината.

„Моето тело и дух беа заробени. Но Бог ја најде својата изгубена овца и ме врати во стадото“, вели Симона, која денес инспирира многу жени низ регионот со својата искрена приказна за пад, покајание и надеж.

Извор / Принтскрин Инстаграм