„Кога жена зрачи со самодоверба, тоа најмногу провоцира – не убавината, туку мирот во себе“: Агнеса за критиките, социјалните мрежи и женската солидарност
Во време кога надворешниот изглед често ја диктира перцепцијата на луѓето, скопјанката Агнеса Органџиева одамна го надминала клишето дека убавината е доволна сама по себе. Позната по својот негуван изглед и префинет стил, таа зборува отворено за тоа колку е тешко да се живее со етикетата „згодна Македонка“, за предрасудите што ги носи убавината, но и за важноста од женска солидарност во време на социјални мрежи и анонимни критики.
„Искрено, таа етикета знае да биде и комплимент и товар во исто време,“ вели Агнеса.
„Убаво е кога луѓето ја препознаваат твојата посветеност на изгледот и на негата, но во Македонија тоа понекогаш знае да предизвика и предрасуди. Луѓето често мислат дека сè ти е лесно или дека си површен, а зад сето тоа има многу труд, дисциплина и работа на себе. Јас го прифаќам тоа како дел од мојот имиџ, но секогаш се трудам да покажам дека зад изгледот стои карактер, амбиција и содржина.“
Со тек на времето, таа научила дека убавината може да биде и благослов и искушение.
„Додека си ‘обична девојка’, убавината сите ја гледаат како нешто позитивно, но кога се појавуваш во медиуми или на социјални мрежи, тогаш дел од луѓето почнуваат да бараат мани, да те споредуваат, па дури и да те осудуваат. Сфатив дека убавината знае да предизвика различни реакции — некои ќе те поддржат, а некои ќе те доживеат како закана. Со тек на време научив да не го сфаќам тоа лично, туку да бидам своја и да не дозволам туѓите предрасуди да ми ја диктираат енергијата.“

На прашањето како се справува со негативните коментари, Агнеса е искрена:
„Најчесто коментарите се поврзани со изгледот – некои луѓе си земаат право да те анализираат, да кажуваат дали нешто ти е природно или не, или да те навредат само затоа што изгледаш поинаку од нив. На почетокот ми беше тешко, признавам, затоа што никој не е имун на негативност. Но со време научив дека секој коментар зборува повеќе за оној што го пишува отколку за мене. Денес, ретко кога реагирам – едноставно избрав да не ја хранам таа енергија. Наместо тоа, се фокусирам на поддршката што ја добивам од луѓето кои ме следат со љубов и позитивна енергија.“
Агнеса верува дека самодовербата е најголемиот „тригерирач“ фактор кај некои луѓе:
„Да, мислам дека токму самодовербата е она што најмногу провоцира кај некои луѓе — повеќе дури и од физичката убавина. Убавината може да ја има секоја жена на свој начин, но самодовербата доаѓа од внатре, од мирот што го имаш со себе, од тоа што си ја прифаќаш својата приказна и не се натпреваруваш со никого. Кога жена зрачи со сигурност и не ѝ треба потврда од другите, тоа знае да биде предизвик за оние што сè уште ја бараат таа сила во себе. Но, јас верувам дека секоја жена може да научи да ја гради, наместо да ја руши другата.“
„Жените треба да си подадат рака, не да се соборуваат“
„Мислам дека сè уште живееме во средина каде што жените се научени да се споредуваат една со друга, наместо да се поддржуваат. Дел од тоа доаѓа од воспитувањето, дел од медиумите, а најмногу од несигурноста што ја чувствуваат многу жени во себе. На интернет тоа уште повеќе се гледа, бидејќи зад екранот е полесно да се каже нешто лошо, без одговорност. Но јас верувам дека полека се менува свеста — сè повеќе жени денес сфаќаат дека е посилно кога ќе си подадеме рака, отколку кога ќе се соборуваме. Женската енергија има огромна сила кога е здружена, само треба да ја насочиме во вистински правец.“
Агнеса не го минимизира влијанието на воспитувањето:
„Од мала, девојките учат како да се споредуваат, што е ‘прифатливо’ и какви стандарди да следат. Ако растеш во средина каде што жените се натпреваруваат, тоа остава трага. Но со свест и едукација може да се смени – женската енергија е најсилна кога е обединета.“

„Интернетот не е штит, туку огледало“
Социјалните мрежи создадоа една нова, малку опасна култура — каде што луѓето мислат дека ако се скријат зад лажен профил, имаат право да навредуваат и да повредуваат. Тоа е некаков излез за фрустрации и незадоволства што реално немаат врска со личноста што ја напаѓаат. Порано ако некој имал нешто да ти каже, барем требало да го погледнеш во очи — денес тоа се прави со два клика и без грам одговорност.
Но, јас верувам дека времето ќе направи свое — луѓето полека ќе научат дека интернетот не е штит, туку огледало. Она што го праќаш, тоа и ти се враќа.“
Воспитувањето и средината имаат огромно влијание. Од мала, девојките учат како да се споредуваат, какви стандарди да следат и што е ‘прифатливо’. Ако растеш во средина каде што жените се критикуваат или се натпреваруваат меѓу себе, тоа остава траен впечаток. За жал, тоа се пренесува и на возрасните, а најмногу се гледа на интернет — каде што е полесно да се суди и навреди. Но јас верувам дека со свест и едукација можеме да го смениме тоа и да научиме да се поддржуваме, бидејќи женската енергија е најсилна кога е обединета.“
На прашањето дали жените кои коментираат негативно се незадоволни од себе, вели:
„Кога некоја жена постојано коментира негативно за другите, тоа најчесто не е заради нас лично, туку одраз на нејзиното незадоволство или несигурност во себе. Луѓето што се сигурни и задоволни од својот живот ретко се фокусираат на тоа да критикуваат другите. Јас верувам дека важно е да не дозволиме туѓата несигурност да нè повреди и да се концентрираме на позитивното — како за нас самите, така и за жените околу нас“.
Лична порака и визија за солидарност
„Да, се случило да добијам порака од жена што не ме познава, а која ми честитала или ме поддржала – тие моменти се доказ дека вистинската женска поддршка постои,“ раскажува таа.
„Би им порачала да престанат да се споредуваат и да го разберат тоа што секоја жена има своја приказна, свој пат и свои успеси. Наместо да се натпреваруваме или осудуваме, можеме да се поддржуваме и да се инспирираме една од друга. Женската енергија е најсилна кога е здружена, кога ја поддржуваме и славиме убавината, талентот и храброста на другите. Кога тоа ќе го разбереме, ќе видиме дека успехот на една жена не ја намалува нашата вредност — напротив, нè поттикнува да бидеме подобри и посреќни.“

За неа, идеалната женска солидарност е едноставна:
„Искреност, поддршка, разбирање и инспирација – кога секоја жена го слави успехот на другата без осуда.“
На крајот, Агнеса додава:
„Денес ме прави среќна тоа што сум во мир со себе, што го работам она што го сакам и што сум опкружена со луѓе кои ми даваат позитивна енергија. Не дозволувам туѓите мислења или осуди да ми ја крадат радоста. Среќата е во малите моменти, во љубовта кон себе и во тоа да создаваме добро околу нас.“
„Да, верувам дека тоа е возможно. Мислам дека со свесност, едукација и позитивни примери, жените постепено учат да се поддржуваат и да се радуваат една на друга. Кога ќе сфатиме дека успехот на една жена не ја намалува нашата вредност, туку ја зголемува и инспирира, тогаш вистинската солидарност ќе стане реалност. Јас лично верувам во тоа и се трудам да бидам дел од таа промена.“
Ирена Ставрова
ФОТО: Приватна архива