Витаминска есенска бомба: Напиток со тиква, јаболка и портокал кој ќе ве освои!

Во сезоната кога телото бара дополнителна енергија и заштита, ви донесуваме рецепт кој е вистинска витаминска есенска бомба!
Едноставен, природен и полн со хранливи состојки – овој напиток е идеален за засилување на имунитетот и уживање во вкусовите на есента.
Рецепт:
Исечете тиква и јаболка на парчиња, посипете ги со малку какао во прав и печете ги во рерна околу 30 минути, додека не омекнат и не пуштат карамелизирана арома.
Во меѓувреме, исцедете сок од 3-4 портокали. Откако печеното овошје ќе се излади малку, ставете го во блендер, додадете малку мед и свежо исцедениот сок од портокал. Изблендирајте сè заедно – и готово!
Ако напитокот ви е прегуст, едноставно додадете уште малку сок од портокал. Мерките не мора да се прецизни – прилагодете ги на сопствениот вкус.
Зошто мора да го пробате?
Овој пијалак е полн со витамин Ц, антиоксиданси, влакна и природни шеќери, кои ќе ви дадат енергија, ќе го засилат имунитетот и ќе ви помогнат полесно да се справите со променливото есенско време.
Плус – не содржи рафиниран шеќер, ниту вештачки додатоци, а вкусот ќе ве потсети на мирисна пита од тиква – во течна форма!
Извор: Инстаграм
Фото: Принтскирн видео/ Инстаграм