„Ми го запалија возилото и ми испратија јасна порака дека треба да престанам да поставувам ред во затворот“: Разговор со Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“
Условите во затворите, често се тема на јавна критика. Во јавноста сѐ почесто се говори за тоа дека во затворите владее безредие, хаос и дека поправната улога во затворските установи е минмална или незначителна.
За состојбите во затворите, во рамките на своите годишни извештаи информира и Народниот правобранител. Тој е една од институциите кои надвор од затворската управа, ги застапува правата на осудените лица и ги разгледува нивните претставки.
Во рамките на затворот поставени се дури и сандачиња во кои осудените лица на издржување затворска казна можат да ги испраќаат своите претставки и поплаки директно до Народниот правобранител.
Но перспективите на Народниот правобранител и оние на затворската управа често се разминуваат. Според затворската управа, континуирано се работи на подобрување на сместувачките и безбедносните капацитети во затворите, додека Народниот правобранител во своите извештаи бележи голем број проблеми на кои се жалат осудените лица.
Во разговор за „Женски магазин“, директорот на КПУ Идризово, Зоран Јовановски, истакна дека откако стапил на функцијата, се соочил со голем број проблеми, пред сѐ, голем број осудени лица кои требало да издржуваат затворска казна воопшто не се наоѓале во затворите.
Во текот на неговото раководење со затворот во Идризово, запазени се прописите за регулирање на сместувачките капцитети во затворите и создадени се можности за интензивирање на секундарната социјализација и вршење на корисна работа пред сѐ во полуотвореното одделение, како и во женскиот затвор.
Но самиот истакнува дека затворите се преполни и дека веќе немаат капацитети да сместуваат затвореници, во исто време кога стапката на криминалитет е зголемена и бројот на пресуди за издржување затворска казна е во пораст. Јовановски, од почетокот на своето раководење со затворот се соочил со индиректна закана, но јасна порака да се компромитира со условите кои ги поставуваат криминалните групи кои имаат своја мрежа во затворите.
Неговото возило било запалено и тоа тој го толкува како јасна порака, но вели во интерес на сите, пред сѐ на самите затвореници е да се воспостави ред и поредок, со тоа ќе се воспостави и правичен однос на управата и еднаквост помеѓу затворениците во поглед на обезбедување на условите на кои тие имаат законски, граѓански и човекови права.
Целиот разговор со генерал мајор м-р Зоран Јовановски, директор на КПУ „Идризово“ погледнете го во продолжение:
Магдалена Стојмановиќ - Константинов