Секојдневно ја гледаме на екраните, но дали ќе ја препознаете: Исплива фотографија од средношколските денови на нашата позната водителка

Добивај вести на Viber

Телевизиската водителка Александра Пановска Илиевска, препознатливо лице од утринската програма на Канал 5 телевизија, ги разнежни своите следбеници со носталгична објава на социјалните мрежи.

Александра сподели фотографија од своите средношколски денови, поточно од матурското табло на нејзиниот клас, каде што завршила средно училиште – „Васил Антевски – Дрен“, клас IV10.

Со оваа објава, водителката ги потсети сите колку посебни и неповторливи се тинејџерските години – време на соништа, први љубови, пријателства што траат со години и на моменти што остануваат длабоко врежани во срцето.

Средношколските денови се период кога светот изгледа огромен и полн со можности. Време кога секој од нас се гради како личност, прави први избори и го поставува темелот на тоа што ќе стане подоцна. Затоа не е чудно што многумина, како и Александра, со топлина и носталгија се сеќаваат на тие години, кога безгрижноста и младешкиот ентузијазам биле секојдневие.

Со едноставна фотографија и неколку зборови, Александра Пановска Илиевска потсети дека времето минува, но сеќавањата од школските денови остануваат засекогаш дел од нас – како потсетник на младоста, на соништата и на убавината на едно безгрижно време.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм