„Една година бескрајна среќа“: Мартин Филиповски и Андреа го прославија првиот роденден на ќерката Лиана

Добивај вести на Viber

Мартин Филиповски, еден од браќата-близнаци од популарната македонска група „Некст Тајм“, заедно со сопругата Андреа, со многу љубов го прославија првиот роденден на нивната ќерка Лиана.

Малата принцеза имаше вистински бајковит роденден — облечена во бело фустанче, со балон во рака и пред себе бела торта, изгледаше како од соништата. Родителите ѝ приредија нежна роденденска фотосесија, која зрачи со топлина и семејна среќа.

„Една година бескрајна среќа“, напиша Мартин како објаснување на емотивното видео составено од повеќе видеа од изминатата година со малата Лиана.

View this post on Instagram

A post shared by Martin Filipovski (@martin_filipovski)

Во јули годинава семејството направи и интимна прослава по повод крштевката на нивната ќерка, на која присуствувале најблиските пријатели и роднини.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм