Интимна прослава за Лиана: Мартин од „Некст Тајм“ со емотивен момент за ќерка си

Мартин Филиповски, член на музичкото дуо „Некст Тајм“, организираше крштевка за својата ќерка Лиана, која ја доби минатата година со сопругата, ракометарката Андреа Белеска.
Свечениот чин се одржа во црквата „Свети Јован Крстител“ во скопската населба Капиштец. Лиана беше облечена во елегантно цветно фустанче и носеше венче од природни бели цветови – гипсофилија, симбол на невиност и нежност.
По чинот на крштевање, семејството организираше скромна прослава во присуство на најблиските роднини и пријатели. Мартин објави семејна фотографија со зборовите: „Крстено - сторено, фала ти куме“, изразувајќи благодарност до кумот.
Лиана е првото дете на Мартин и Андреа, родена во октомври 2024 година. Двојката ја официјализираше својата љубов со свршувачка во 2022 година, а свадба направија во во 2023.
Фото: Кристијан Тодоров /Инстаграм
РЖМ - Г.Д.Г
Мартин од Некст Тајм стана татко: Ќерката доби уникатно име