Убавината им е во гените: Ќерка на поранешна Мис Македонија го освојува светот, ќе ја претставува нашата земја на Мис Универзум 2025

Македонија годинава добива достоинствена претставничка на еден од најпрестижните светски избори за убавина – Miss Universe 2025. Со стил, самодоверба и љубов кон својата татковина, Иман Тотич ќе ја претставува нашата земја во ноември, на големата сцена во Тајланд.
Иман не е само убаво лице – таа е успешен модел кој гради меѓународна кариера во Лондон, каде работи за реномирана модна куќа. Со својата појава, но и со став и енергија, Иман е пример за современа, силна и талентирана жена.
Информацијата официјално беше споделена на официјалната фејсбук страница на Мис Универзум Северна Македонија:
„Со гордост ја претставуваме Иман Тотич, нашата претставничка на Miss Universe 2025!
Овој ноември, таа ќе ја носи Македонија на светската сцена во Тајланд, со став, шарм и срце полно љубов кон својата земја.
Следете го нејзиното патување кон круната и споделете ја гордоста со нас!„
Она што ја прави нејзината приказна уште поинтересна е тоа што убавината и елеганцијата ѝ се дел од семејното наследство. Имено, нејзината мајка, Александра Петроска, беше крунисана за Мис на Македонија во 1996-та година и со години ја претставуваше државата на бројни интернационални избори. Денес, таа сè уште важи за една од најубавите жени во земјата. Неслучајно се вели – „крушата под круша паѓа“.
Македонската јавност неодамна и аплаудираше и на прекрасната Чарна Невзати, која нè претставуваше на сличен натпревар пред неколку месеци.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм/ Фејсбук