Со широка насмевка и инспиративна порака Јелена Јованова влезе во петтата деценија: „Работата сè уште е во тек...“

Една од најуспешните и најпочитувани македонски актерки, Јелена Јованова Периќ, го прослави својот 41 роденден, со широка насмевка и инспиративна порака до своите следбеници.
На социјалните мрежи, актерката објави фотографија на која зрачи со позитивна енергија, а под неа напиша:
„41... работата сè уште е во тек. Ви благодарам на сите што ми посакувате се најдобро.“
Јованова повеќе од една деценија живее во Загреб, каде што е мажена за хрватскиот актер Стјепан Периќ. Двајцата заедно ги имаат синовите Јаков и Тома, и важат за еден од најхармоничните актерски брачни парови во регионот.
Јелена зад себе има богата актерска кариера и бројни улоги во театар, телевизиски серии и филмови, станувајќи препознатливо лице и надвор од границите на Македонија.
На својот 41 роденден, Јованова уште еднаш потсети дека возраста е само бројка, а дека животот – како што самата вели – „работата сè уште е во тек“.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук