Од мало девојче до голема дама: Емотивна објава на Ружица од „Ареа“ за роденденот на ќерката Елена

Вокалистката на гостиварската рок група „Ареа“, Ружица Брчиоска, предизвика носталгични емоции на социјалните мрежи со објава посветена на нејзината ќерка Елена. Таа сподели ретро фотографија од времето кога Елена била уште мала, со роденденска порака:
„Една сончева слика, јас и мојата ќеркичка Елена Брчиоска пред години, која денес е голема и си слави роденден. Среќен роденден Еленче, нека ти биде овој ден најубав.“
Објавата брзо доби многу реакции и честитки од фанови и пријатели, кои ја поздравија емотивната страна на една од најпрепознатливите жени на македонската рок сцена.
Иако по професија е магистер архитект, Елена Брчиоска не е далеку од музиката. Напротив – таа е дел од бендот „Ареа“, каде го продолжува семејниот музички континуитет како придружен вокал. Очигледно, талентот и љубовта кон музиката се пренесуваат преку генерации.
Семејната блискост и заедничката страст кон музиката ја прават приказната на Ружица и Елена посебна – а ваквите моменти само потсетуваат дека зад секој музичар стои свет исполнет со љубов, вредности и инспирација.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук