Лозано го крсти синот во еден од најзначајните духовни храмови во близина на Скопје: Декорации со авиони и стјуардеси дел од роднденската забава

Македонскиот поп пејач Влатко Лозаноски – Лозано овој викенд сподели емотивни моменти од двојна семејна свеченост: првиот роденден и крштевката на неговиот син Марко. Малиот Марко наполни една година, а по тој повод, пејачот и неговото семејство организираа прослава која изобилуваше со љубов, детали и прекрасно осмислена тематика.
Крштевката се одржа на 18 октомври во Марков Манастир, еден од најзначајните духовни храмови во близина на Скопје. Пејачот ја објави радосната вест преку фотографии на социјалните мрежи, со трогателна порака:
„18.10 – Крштевка и прв роденден на нашата радост Марко. Биди ни секогаш среќен и од Бога благословен“, напиша Лозано.
По духовниот чин, следуваше тематска роденденска забава во еден од познатите скопски локали. Роденденот беше целосно осмислен во авијациска атмосфера: декорации со авиони, стјуардеси, минијатурни куфери и креативни детали кои ја направија прославата незаборавна.
Во обајвените фотографии од пејачот се наоѓаат и фотографии од првите днеови на Марко на овој свет, па се до неговиот прв роденден.
РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Фејсбук