Антониа Гиговска во Милано со стајлинг инспириран од Лејди Гага на нејзин концерт – а на сцената на дивата настапи и Македонец!

Добивај вести на Viber

Македонската пејачка Антониа Гиговска синоќа беше дел од публиката на спектакуларниот концерт на Лејди Гага во Милано, каде што блесна со својот впечатлив изглед и искрените впечатоци од настапот на светската ѕвезда.

За оваа прилика, Антониа избра смел и гламурозен стајлинг од дизајнерот Дејан Сидор, составен од црн сет со сјаен мантил со капуљача и висок струк – комбинација која веднаш асоцира на гагиниот авангарден сценски стил. Шминката и фризурата ги потпишува Марјан Петров, кој со минималистички, но моќен израз – црвен кармин, графичка линија и блонд перч – создаде изглед достоен за концерт на поп-дивата.

Антониа сподели дека останала воодушевена од целокупниот спектакл:

„Жената е музика... На секоја песна нов костим, нова сценографија, цел театар. Јас сум уште во шок!“


Освен што уживаше во шоуто, таа посочи и на еден посебно горд момент за македонската публика. На сцената со Лејди Гага настапи Македонецот Мајкл Дамески, роден во Сиднеј, Австралија, кој со години важи за еден од најуспешните професионални танчери на светот.

„Не знам колку знаете – нашиот @michaeldameski игра со Лејди Гага! Соништата се остваруваат ако силно веруваш во нив“, напиша Антониа.


Со својот стил, харизма и поддршка за македонскиот талент на светската сцена, Антониа уште еднаш покажа дека знае како да ја спои модата, музиката и емоцијата – токму во духот на Лејди Гага.

Погледнете во галеријата повеќе за атмосферата што ни ја долови пејачката преку социјалните мрежи.



РЖМ/ИС - ФОТО: Инстаграм стори официјален профил Антониа Гиговска