Jога инструкторката на бранови: Лејла Рамковска со искуство кое не се заборава

Добивај вести на Viber

Јога инструкторката Лејла Рамковска неодамна се впушти во едно сосема поинакво и уникатно патување – искуство што ќе го памети засекогаш. Наместо вообичаениот мир и рамнотежа, овојпат Лејла се соочи со адреналин, ветар, бранови и натпреварувачки дух – беше дел од спортската регата во Грција, каде се натпреваруваат бродови и екипи од различни земји.

Иако ова ѝ беше прво учество на регата, тимот во кој беше дел успеа да го освои третото место – успех кој ја прави особено горда. Според правилата на регатата, понекогаш и стигнувањето прв до целта не гарантира прво место, нешто што таа со насмевка признава дека сè уште го учи.

На социјалните мрежи, каде често споделува делови од својот животен стил и јога патување, Лејла ова искуство го пренесе со искрени впечатоци и ведар дух:

„Прв пат на регата 

Оваа година не ми беше прв пат на едрење, ама регата… е тоа беше ново искуство. Адреналин, ветер кој ја води играта, тактики и (многу) натпреварувачки дух.

Научив дека иако стигаш прв до целта, можеш да освоиш трето место (поради правила кои искрено уште ги учам).

Но поважно... Преубаво искуство, игра со ветер и бранови, весело тимско дружење и многу смеење како highlight.“

View this post on Instagram

A post shared by Lejla Ramkovska (@lejlaramkovska)

Лејла Рамковска уште еднаш покажа дека животот е полн со можности надвор од комфорната зона – па дури и надвор од рамнотежата на јогата. Со отворен дух и желба за нови предизвици, оваа регата е само уште еден доказ дека секое патување, кога е доживеано со страст, остава трага што трае.

РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Инстаграм