Урбан спектакл што ќе го раздрма Скопје: 2Бона со прв голем соло концерт!“

Долгоочекуваниот момент конечно пристигна! Популарното дуо 2Бона, по години хитови, клубски настапи и полни сали низ цела Македонија и регионот, го најави својот прв голем соло концерт во Скопје. Настанот ќе се одржи на 26 декември 2025 година во 20 часот, во СЦ „Јане Сандански“, каде што се очекува вистински урбан спектакл.
„По сите настапи, време е за нешто големо – за нашата публика, која со години стои зад нас“, велат момците од 2Бона. Настанот е осмислен како вечер на заедништво и енергија, кога ќе се пеат сите познати хитови кои ги одбележаа последните години на македонската музичка сцена.
Организаторите најавуваат и повеќе специјални гости, чија имиња ќе се откриваат од следната недела – по еден секојпат, за да се одржи возбудата до самиот настан. „Ова ќе биде вечер кога сите генерации ќе пеат заедно, а Скопје ќе има настан достоен на најголемите светски сцени“, најавуваат од тимот на 2Бона.
Билетите се пуштени во продажба од денес 22 октомври – онлајн на ticketx.com.mk и на сите продажни места на TicketX низ Македонија.
Цените се поделени по категории:
-
Трибина – 400 денари
-
Трибина А – 500 денари
-
Партер – 600 денари
-
Фан Пит – 800 денари
-
ВИП Трибина – 1.000 денари
-
ВИП резервации – информации на телефон: 078 431 448