Ентериерот на „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ - најдобар според Асоцијацијата на архитекти на Македонија

Добивај вести на Viber

Ентериерот на книжарницата „Литература.мк“ во „Дајмонд мол“ е прогласен за најдобар на овогодишните награди што ги додели Асоцијацијата на архитекти на Македонија (ААМ).

На 20 октомври, во рамките на официјалното затворање на БИМАС XXII – Биенале на македонската современа архитектура, што се одржа во Музејот на современата уметност – Скопје, „Платформа“ ја доби престижната награда во категоријата реализација од областа ентериер и дизајн за книжарницата „Литература.мк“. Автори на проектот се архитектите: Емил Јегени, Елена Икономов, Јасна Милојковиќ-Муратовска, Веле Богоевски, Ана Момировска и Јосиф Николовски.

Ова е втора награда за „Платформа“ поврзана со ентериер на книжарница „Литература.мк“. Во 2023 година тие го добија признанието за најдобар ентериер и за книжарницата во „Скопје сити мол“.

Книжарницата „Литература.мк“ и кафе-барот „Кафе Литература“, лоцирани на првиот кат  во трговскиот центар „Дајмонд мол“ во центарот на Скопје, почнаа со работа на почетокот на 2024 година. Сместени се на вкупна површина од 600 квадратни метри. Со својот впечатлив, современ внатрешен дизајн, инспириран од изгледот на Старата железничка станица, која се наоѓа во близина, ова е една од најпосетените и најпрепознатливите книжарници во Скопје.


Во книжарницата се понудени околу 55.000 книги, едукативни изданија, богата гифт-програма, материјали за училиште, декорации за домот, играчки, интерактивни изданија, како и производи за хоби и колекционери.

Во нејзиниот состав функционира и „Кафе Литература“, кое за кратко време прерасна во едно од омилените места за дружење, но и во препознатлив културен центар – со над 100 организирани настани: книжевни промоции, концерти, предавања, конференции, театарски изведби и детски програми.

*ПР објава