Интелигентна климатизација со потпис на Samsung и Invensis

На 14 октомври во ресторанот Castello by Allikas во Скопје се одржа технолошкиот настан „Samsung решенија за секој објект“, во организација на компанијата Invensis, официјален партнер на Samsung за Македонија.
Настанот ги обедини најактивните професионалци од областа на архитектурата, енергетиката и климатизацијата, со заедничка цел – промоција на новата генерација интелигентни и енергетски ефикасни системи за климатизација.
Преку серија презентации и демонстрации беше прикажано како Samsung ја менува улогата на климатизацијата – од уред што само грее и лади, во систем што активно размислува, мери и штеди енергија.
Технологија и одржливост
Посебен акцент беше ставен на EHS топлотните пумпи со природен фреон R290, кои овозможуваат греење и ладење со минимална потрошувачка и висок степен на енергетска ефикасност. Овие системи достигнуваат температура на вода до 75°C и задржуваат 100% капацитет дури и при -25°C, што ги прави идеални за локалните климатски услови. Со ниво на бучава од само 35 dB(A), тие обезбедуваат тивко и пријатно работење.
Во фокусот беше и интеграцијата со мобилната платформа SmartThings, преку која корисниците можат интелигентно да ги контролираат своите уреди, да ја следат потрошувачката и да програмираат режими на работа според сопствените навики.
Решенија за секој објект
Беше претставен целиот спектар на Samsung HVAC решенија – од WindFree клима уреди за домови, до DVM системи и Hydro Units за деловни и индустриски објекти.
Клучна предност на овие системи е нивната модуларност и компатибилност, што овозможува комбинирање на повеќе единици во зависност од потребите на објектот. Благодарение на инвертер технологијата, ладилниот медиум R32 со низок GWP и широкиот работен опсег, Samsung системите нудат оптимална ефикасност во сите услови.
Invensis – локален партнер со инженерска експертиза
Присутните имаа можност да слушнат повеќе за улогата на Invensis како интегратор кој ги спојува глобалните технолошки стандарди на Samsung со реалните потреби на македонскиот пазар – што беше потврдено и преку презентации од партнери и клиенти.
Компанијата, со повеќе од две децении искуство во проектирање, монтажа и сервисирање HVAC системи, го претстави своето мото – „инженерство што создава доверба“.
„Нашата цел не е само продажба, туку создавање решенија што функционираат беспрекорно со години. Секој проект е комбинација на инженерство, дизајн и одговорност,“ беше пораката од тимот на Invensis, кој веќе повеќе од дваесет години успешно ги имплементира технолошките решенија на Samsung на македонскиот пазар.
Настанот потврди дека партнерството Samsung – Invensis носи нова димензија во пазарот на климатизација: интелигентен, енергетски ефикасен и естетски усогласен комфор за секој објект.
ПР објава