ВАФЛИ ОД ЛИДЛ ИТНО СЕ ПОВЛЕКУВААТ: Може да содржат метални честички

Добивај вести на Viber

Лидл ги повлече од продажба вафлите со путер и сируп во Германија поради можно присуство на метални честички.

Пакување од 560 грама од овие тркалезни вафли, кои се продаваат под името „Stroopwafel“, а се произведуваат за синџирот Лидл од холандскиот добавувач Biscuit International, е повлечено од продажба, објавува Шпигел.

Овие вафли се продавале во сојузните покраини Баден-Виртемберг, Баварија, Берлин, Бранденбург, Бремен, Хамбург, Хесен, Мекленбург-Западна Померанија, Долна Саксонија, Северна Рајна-Вестфалија, како и Сарланд, Саксонија и Шлезвиг-Холштајн, објави весникот.

Производот може да се врати во сите продавници на Лидл, а цената на вафлите ќе им биде вратена на клиентите.

Порталот Produktwarnung.eu регистрирал повлекување, односно предупредувања, за речиси 42 производи месечно во последните 12 месеци.

Производите најчесто се повлекуваат поради присуство на туѓи супстанции.

Според организацијата Foodwatch, во Германија се евидентираат две до три повлекувања на прехранбени производи неделно.

Според „Шпигел“, статистички, бројот на дефекти на храната се зголемува во последните години, речиси четирикратно зголемен од 2013 до 2032 година.

Според експертите, причината за ова се построгите контроли и промената во практиките на многу компании, кои сега ги сметаат повлекувањето на производите како одговорна акција кон потрошувачите и повеќе не се плашат од објавување на соопштение за повлекување, објавува весникот.

Извор: ФАКТОР