Потопло време во следниот период: Променливо, но со повеќе сончеви периоди

Добивај вести на Viber

Денеска не очекува променливо облачно време со сончеви периоди. За попледневните часови синоптичарите најавуваата намалување на облачноста. 

Сепак, се очекува да дува слаб до умерен ветер од северен правец.

Утринските температурите денеска со големи разлики. Најниските температури ќе паднат на 3 и 4 степени, и тоа во планинските региони како Маврово и Берово, додека долж повардарието утринските температури ќе бидат околу 10 степени. 

Максималните дневни температури ќе останат под просекот. Се очекува дневните темепратури да се движат од 11 до 19 степени Целзиусови. 

Во Скопје, променливо облачно со сончеви периоди . Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Температурите во главниот град ќе бидат во сличен интервал, утринските ќе достигнат 10 степени, додека во текот на денот до 18 степени. 

Во наредните денови не очекува повторно променливо време, но со повеќе сончеви периоди. 

Утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен правец.

До четврток не очекуваатмаксимални 22 степени Целзиусови.

Извор: ФАКТОР