„Им благодарам на Панчо и Андреј што несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија“: Вака велеше српски пејач што го препеа хитот на ДНК

Добивај вести на Viber

Во 2022 година, познатиот српски пејач Џенан Лончаревиќ направи српска верзија на големиот хит „Ако утре ме нема“, оригинално изведен од македонското дуо ДНК и виртуозот на труба, Џамбо Агушев. Овој препев беше реализиран по иницијатива на нивниот заеднички колега и пријател, црногорскиот пејач Сергеј Ќетковиќ.

„Сергеј беше воодушевен од песната, ми ја пушти да ја слушнам и веќе немаше простор за дискусија – знаев дека морам да ја снимам“, изјави тогаш Џенан. 


„Веднаш стапив во контакт со Панчо, и за кратко време се најдов во студиото на Лазар Цветкоски во Тетово. Добивме одличен финален производ за кој добивам само позитивни реакции. Им благодарам и на Панчо и на Андреј што несебично ме поддржаа во желбата да снимам своја верзија на песната“, изјави тогаш српскиот пејач.

Музиката за песната е дело на Панчо и Лазар Цветкоски, додека српскиот текст го адаптираше Сергеј Ќетковиќ. Снимањето на српската верзија се одвивало во студиото на Цветкоски во Тетово, каде што е снимен и оригиналот на македонски.

За жал оваа песна одбележа еден крај на една убава музичка приказна. Приказна за двајца дечки со голема душа и срце, за големи хуманитарци, приказната за дуото ДНК.


РЖМ - Г.Д.Г
Фото: Принтскрин/ Јутјуб