Ги погребаа сопствените децата, но засадија нов живот: Овие мајки го направија најблагородниот чин

Добивај вести на Viber

**„Нашите деца денес живеат во други седум луѓе“ – Приказна за две мајки што од тагата создадоа вечен спомен**

Марија Томиќ и Јања Бутковиќ се две мајки од Хрватска, чии животи засекогаш се променија кога го доживеале најтешкото што може да му се случи на еден родител – губењето на своето дете. Во емотивна исповед за новинарскиот магазин „Провјерено“, тие ја отворија душата и проговорија за болката, за тагата, но и за најблагородниот чин кој го направиле – донирањето на органите на нивните синови.

Петар, синот на Марија, починал пред четири години. Иако не постои утеха за ваква загуба, Марија се решила на нешто што бара натчовечка сила – дозволила неговите органи да бидат донирани. Срцето на Петар денес чука во градите на млада девојка од Австрија, додека неговиот црн дроб го спасил животот на маж во Германија.

Јања го изгубила својот Михаил пред шеснаесет, но болката е подеднакво жива. И таа заедно со сопругот одлучиле да донираат – органите на Михаил спасиле дури пет човечки животи. Пет непознати луѓе добиле втора шанса благодарение на Михаил.

„Нашите деца денес живеат во други седум луѓе“, велат Марија и Јања, со очи полни солзи, но и срце исполнето со мир. Тие не ги избришале своите деца од споменот – напротив, им подариле вечност. Нивната смрт добила смисла, нивните животи добиле продолжение.

Овие жени останаа без своите најмили, но наместо да се затворат во тишина, тие проговорија. Проговорија за да потсетат дека од најголемата тага може да се роди најголемото благородништво. Приказната на Марија и Јања не е само приказна за загуба – таа е и лекција за храброст, за љубов која не завршува со смртта, и за човечност која спасува животи.

Во нивната болка, родена е надеж. А преку нивните синови – продолжи животот.