Му откажаа белите дробови и бубрезите: Апаратите не успеаа да го спасат Панчо

Добивај вести на Viber

Неофицијално дознавме дека состoјбата на Панчо се влошила пред три недели. Mу откажале бубрезите, и белите дробови, бил на апарати и докторите ги преземале сите потребни мерки за да ја подобрат неговата состојба.

Според нашите информации Панчо се чувстувал дотогаш добро, зборувал, се движел, меѓутоа неговата психичка состојба била многу лоша.

По катастрофалниот пожар во „Пулс“, Панчо беше донесесн во „Систина“ на 17 март. Му беа извршени 4 операции на кожата на рацете.

Владимир Блажев – Панчо, член на познатото музичко дуо ДНК, почина речиси седум месеци по трагичната несреќа во Кочани, во која се здоби со тешки изгореници и повреди.

С.А.Н

По несреќата што ја потресе Македонија – згасна животот на Панчо од ДНК