Лабубу заминува во историјата: Итно повлечени од европскиот пазар со предупредување веднаш да се отстранат од домовите

Како што е наведено во соопштението, производот содржи мал дел кој лесно може да се одвои (метален прстен).
RAPEX – европскиот систем за брза размена на информации за небезбедни производи што се наоѓаат на единствениот пазар на ЕУ, издаде предупредување за неисправна детска играчка и нејзино итно повлекување од продажба.
Станува збор за светлокафеава фалсификувана „Labubu“ играчка со метален прстен, која се повлекува поради двоен ризик – хемиски и ризик од задушување.
Опасност од задушување и токсични супстанци
Како што е наведено во соопштението, производот содржи мал дел кој лесно може да се одвои (метален прстен). Мало дете би можело да го стави во уста и да се задуши.
Покрај тоа, пластичниот материјал на играчката има прекумерна концентрација на бис(2-етилхексил) фталат (DEHP) и дибутил фталат (DBP) – измерени вредности до 0,02% и 1,64% по тежина. Овие фталати може штетно да влијаат на здравјето, особено на репродуктивниот систем.
Зошто се опасни фталатите
Фталатите (како DEHP и DBP) се хемикалии кои се користат како омекнувачи на пластика, најчесто во PVC производи. Нивната улога е да ја направат пластиката пофлексибилна и помека.
Но, бидејќи не се хемиски цврсто врзани за материјалот, тие лесно се ослободуваат во околината – преку допир, прашина, воздух, храна или директно ставање предмети во уста (честа навика кај мали деца).
На тој начин, тие влегуваат во организмот преку уста, дишење или преку кожата.
Последици од изложеност
-
Хормонални нарушувања (ендокрини дисруптори) – DEHP и DBP го имитираат или нарушуваат дејството на природните хормони, особено половите (естроген и тестостерон), што може да предизвика проблеми со пубертетот и плодноста.
-
Влијание врз репродуктивниот систем – кај машки деца и адолесценти може да го намалат нивото на тестостерон и да го нарушат развојот на тестисите. Кај возрасни мажи се поврзуваат со намален број и подвижност на сперматозоиди, а кај жени со нарушена овулација и хормонални проблеми.
-
Влијание врз бременоста и децата – трудниците изложени на високи концентрации може да ги пренесат супстанците на фетусот, што според студии може да влијае врз мозокот и моторниот развој на детето.
-
Други ефекти – долгорочното изложување може да влијае на црниот дроб, бубрезите и ендокриниот систем.
Регулативи во ЕУ
Според REACH регулативата во Европската Унија, употребата на DEHP, DBP и слични фталати во детски производи и играчки е строго ограничена или забранета. Дури и мали количини можат да имаат штетни последици за развојот на детето.
Податоци за производот
-
Производ: Плишана играчка
-
Име: Labubu Have a Seat
-
Фалсификат: Да
-
Бренд: Pop Mart (фалсификат)
-
Земја на потекло: НР Кина
Надлежните служби апелираат до граѓаните да ја проверат играчката и, доколку ја поседуваат, веднаш да ја отстранат од употреба поради ризик по здравјето на децата.
Извор / Фото: Википедиа / ТикТок Принтскрин