Жените во дигиталниот свет: што ги поврза Лила Филиповска и Селена Гомез

Добивај вести на Viber

Листата на најследени инфлуенсери на Инстаграм во Македонија, покажува значајно присуство на жени со силна медиумска и културна репутација. На врвот се наоѓа Лила Филиповска, телевизиска водителка и јавна личност со преку 234 илјади следбеници, која одамна го има преминато прагот меѓу традиционалниот и дигиталниот медиумски свет. Лила е симбол на елеганција и харизма, а нејзиниот Инстаграм е комбинација од професионални моменти, стил и животна филозофија

Пред да се појави Инстаграм, Филиповска беше активна и на ФБ каде има над 100.000 следачи.


-Бев меѓу првите кои направија инстаграм профил . Инаку мојата долгогодишна работа на телевизија , соработки и снимање реклами години наназад го изострија мојот сенз за маркетинг, па објавував реклами за моите соработници пред да стане популарно и пред да се заработува од тоа. Доказ ми се постовите кои ми се појавуваат на меморис.  Мене логично ме заследуваа заради тоа што сум јавна личност долги години наназад , имам сериозна и почитувана професија и бев активна објавувајќи интересни моменти од мојот приватен и професионален живот , моите патувања. Па, јас пред да почнам да работам и заработувам на инстаграм имав околу 70.000 фоловерси - потенцира Лила и појаснува дека и било полесно да добива следачи затоа што не била ново лице кое допрва го запознаваат и кое треба да се докажува.

-Тука е мојата предност. И меѓу првите почнав да снимам и да правам реклами за брендови така што мојот успех и овде не е случаен туку заслужен. И тука  сум константна , се адаптирам на трендовите кои многу брзо и често се менуваат ама јас уживам, се забавувам и заработувам ! Преблагодарна сум на сите оние кои се мои интернет пријатели и оние кои добербата за реклама на нивниот бренд ми ја даваат мене и на мојот тим- вели Лила.

Инфлуенсерството одамна престана да биде само убав кадар, совршена поза или добро осмислен бренд. Денес, највлијателни стануваат оние што имаат смелост да бидат вистински, да покажат и сила и ранливост. Лила Филиповска, како e една од најследените инфлуенсерки во Македонија и Селена Гомез, глобална дигитална сила со стотици милиони следачи, го претвораат своето онлајн присуство во нешто многу повеќе од забава.


Тие ги користат своите платформи за да информираат, мотивираат, помагаат и да допрат до луѓе кои можеби немаат со кого да ја споделат својата болка. Нивните профили не се само колекции од патувања, хуманитарни повици или модни моменти, тие се простори каде што илјадници бараат поддршка, надеж и чувство дека не се сами.

Лила ја сподели својата борба со канцер на дојка, претворајќи го својот профил во место на охрабрување и превентивна едукација за жените. Селена, преку приказната за лупусот, психичкото здравје и трансплантацијата на бубрег, стана еден од најгласните и највселивите примероци за тоа дека инфлуенсери можат да бидат повеќе од јавни личности, можат да бидат двигатели на свест.

Токму преку нивните најтешки животни искуства, инфлуенсерството добива нова димензија: од платформа за естетика, во платформа за автентичност и човечност. И тоа е влијанието што остава вистински трага

-Социјалние мрежи се исклучително специфични и се вистински меч со две оштрици. Ако си невнимателен лесно може да изгубиш сѐ што си работел до сега. А од друга страна пак може и да направиш имиџ и добро да заработуваш

Оваа година славам 30 години кариера во тв „Сител“ и сите години моите проекти имаат забавен карактер. Оние што ме познаваат знаат дека таква е и мојата природа и некако логично е да е таков и мојот инстаграм профил. Најчесто постирам слики и видеа од моето секојдневие, моите снимања на квизот, модни комбинации,маке уп туторијали, накит, храна , доживувања од моите патувања, секогаш споделувам хуманитарни акции.Избегнувам политика,совети на теми за кои не сум компетентна и избегнувам драми – заклучува Филиповска. 

Соња Алексоска Неделковска

Инфлуенсери и број на нивни следбеници на Инстаграм во Македонија

1. Лила Филиповска - 234 илјади следбеници.

2. Стефан Лазаров - 158 илјади следбеници.

3. Игор Џамбазов - 136 илјади следбеници.

4. Ана Стојанова - 132 илјади следбеници.

5. Викторија Петровска - 123 илјади следбеници.

6. Марјана Станојковска - 121 илјади следбеници.

7. Антониа Гиговска - 118 илјади следбеници.

8. Стефан Николовски - 114 илјади следбеници.

9. Тамара Тодевска - 102 илјади следбеници.

10. Давор Панчевски - 101 илјада следбеници.

11. Драган Тапшанов - 91.100 следбеници.

12. Викторија Лоба - 88.600 следбеници.