Вдовицата на Маринко Роквиќ ја подготвува најоригиналната и највкусната проја: Еве го рецептот

Кога ќе посакате нешто брзо, едноставно, а здраво – проја со тиквички е идеален избор.
Рецептот што го сподели Славица Роквиќ, сопруга на познатиот пејач Маринко Роквиќ, стана вистински хит меѓу домаќинките на Инстаграм.
Освен што внимава на уредувањето на домот и природната козметика, Славица ги инспирира многу жени и со своите кулинарски вештини.
Како да подготвите проја со тиквички?
Потребни состојки:
– 1 изрендана тиквичка
– Кајмак (по желба, „од око“)
– Сирење (по желба, исто „од око“)
– Жолто пченкарно брашно
– Малку оризово брашно
– Кисела вода
– Прашок за пециво
– Малку масло
– Сол
– 4 јајца
Подготовка:
-
Во поголем сад изматете ги јајцата.
-
Потоа постепено додајте ги сите останати состојки – по ред: изренданата тиквичка, брашното, кајмакот, сирењето, солта, киселата вода, прашокот за пециво и маслото.
-
Славица советува количините на сирење, кајмак и брашно да се додаваат „од око“, односно по чувство, сè додека смесата не стане со средна густина – не премногу густа, но ни премногу течна.
-
Сместата сипете ја во подмачкан плех и печете во рерна околу 40 минути на 200°C, додека не добие златно-кафена коричка.
Резултатот е сочна и миризлива проја со тиквички, која совршено се комбинира со јогурт или кисело млеко – вистинско уживање за брз, домашен и здрав оброк.
Извор / Фото извор: Инстаграм